Денот на независноста на Хрватска одбележан во Битола

0
301

По повод Денот на независноста на Р.Хрватска , Хрватскиот културен центар и МХД.Марко Марулиќ, организираа пригодна манифестација, во соработка со заедницата на Хрвати од Белград- Тин Ујевиќ и Центарот за култура Битола.
На истата беше прикажан документарниот филм Сријем у времену и простору, во кој се зборува за доселувањето на хрватите на овие простори.Низ филмот не водеше актерот Жарко Радиќ.

Писателката Лилјана Црниќ, автор на неколку книги поезија и проза, објавени во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Канада и Индија, добитник на повеќе награди и признанија за својата работа, презентираше стихови од своите дела, а пијанистот Ненад Лабор, изведе мелодии компонирани врз стиховите на Тин Ујевиќ, со кои ја распеа публиката.


Присутните ги поздрави координаторот на Хрватскиот културен центар Бранко Маретиќ, како и претседателот на заедницата на хрватите Тин Ујевиќ од Белград, Стипе Ерцеговиќ, кои информираа за Денот на независноста на Хрватска, кој се одбележува во спомен на 8-ми октомври 1991 година, денот кога е создадена самостојна, независна, република Хрватска.

Без коментари

LEAVE A REPLY