Денот на победата на Турција одбележан и во Битола

0
1010

Во Турција денеска се одбележува националниот Празник на победата, 30 август, кога се одбележува победата на турската армија, предводена од Мустафа Кемал Ататурк против грчката армија за време на Ослободителната војна (1919-1922). Одлучувачката битка, со која се бележи крајот на војната се случила во Думлупнар. Турската војска ги победиле Грците и постигнува решителна победа во борбата за независност на земјата. Една година подоцна Ататурк ќе го прогласи основањето на Република Турција. Празникот на победата е и професионален празник на турската армија.

11952057_984125808317832_8378297924101218410_n

Во Битола здружението за македонско – турско пријателство и соработка Мустафа Кемал Ататурк  и годинава го одбележа 30 Август, Денот на победата на Република Турција. Положија свежо свеќе пред споменикот на Ататурк во неговата спомен соба, а организираа и кулурно- уметничка програма со играорци од Истанбул, Р.Турција.

11953087_984126098317803_6162745363147795800_n

 

11947680_984126021651144_1785576779021906926_n