Денот на превенција одбележан со најмалите

0
1868

Денот на превенција одбележан во битолската полиција со најмладите.децата од градинките со песнички за семафорот и чичко полицаец се стекнаа со нови знаења за работата на отсекот за превенција при свр Битола. Полициското возило најинтересно за децата

sanja stamatova

Најголем интерес кај намалите привлече полициското возило. Во изминативе седум години овој ден се одбележува со низа активности на ниво на СВР Битола преку отварање на институцијата за граѓаните и организирани посети од претшколските деца и основците.На денешен ден во 2008та година за прв пат во земјава беше одбележан денот на превенција 09 ти декември со самото формирање на тимовите инспектори по превенција. изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола

Организацијата на Обединетите Нации (ООН) на 9 декември 2003 година во Мерида ја усвоија Конвенцијата за борба против корупција (УНКАК), чија основна цел е унапредување и јакнење на мерките за ефикасно и успешно спречување и борба против корупцијата. Република Македонија, во 2007 година ја ратификуваше Конвенцијата на ООН, со што формално се приклучи на глобалните процеси за борба против корупцијата. .На денешен ден во 2008та година за прв пат во земјава беше одбележан денот на превенција 09 ти декември со самото формирање на тимовите инспектори по превенција.

Според воспитувачите децата уште од најмала возраст се запознати со безбедноста како начин на заштита, го имаат основното познавање на безбедно минување преку улица, минување на пешачки премин, светлосната сигнализација на семафорот како и тоа дека чичко полицаец е пријател на децата.