Денот на ромите одбележан и во Битола

0
1005

Битолските роми со традиционалната веселба на плоштадот Магнолија се приклучија на одбележување на 8 април меѓународниот ден на ромите. Со надеж за подобра живеачка, меѓуетнички и мултикултурни релации и почит, на денешното празнување тие искажаа оптимизам за решавање на нивните проблеми.

-Ако ме прашате зошто денес се собравме на едно место, јас ќе ви одговорам зошто денес е најзначајниот и најголемиот ден за нас Ромите. Ја користам приликата на сите да им го честитам. Имаме проблеми како вработувањето, образованието, има луѓе со нерешено станбено прашање, социјалните проблеми, но сепак со самото работење и со самите активности ќе надохнадиме, изјави Џевдет Џеловски претседател на Зружение Ромска ѕвезда

Во одбележувањето  на светскиот ден на Ромите  се вклучија и други невладини организации и институции .8 ми април се одбележува од 1971 година, кога е одржан првиот конгрес на Ромите,  проблемите со кои се соочуваат Ромите  не се многу поразлични од порано. Вработувањето, социјалните проблеми и  финансиите  се најчестите со кои секојдневно се соочуваат жителите од оваа заедница, но се прават низа проекти за сето тоа да се надмине

-Имаме голем број на проекти реализирано. Голем број на деца се вклучени во училиште, државата дава стипендии, многу деца одат во градинки. МНогу деца имаат завршено факултет, можеме да се пофалиме со голем број на магистри и доктори, но тоа е онаа среќна класа. За жал постои дел во Р.Македонија Роми кои што се луѓе на маргините и тие живеат со многу минимални средства , а голем дел од нив немаат ни за леб. Меѓутоа тоа се две спротиставени сили кои постојат кај Ромите и не можеме да кажеме дека сите Роми се на маргините, изјави Фатма Бајрам Аземовска, Здружение Сумнал- Битола

Во склоп на активностите на одбележувањето на 8 ми април претставници од невладините организации остварија средба и со градоначалникот Владимир Талески

-Разговаравме за проблемот со отпадот во населбата Баир во Битола . Од средбата произлезе иницијатива која што ние од здруженијата треба да испратиме писмо до министерството за транспорт и врски, до министерот без ресор Неџдет Мустафа и до министерството за труд и социјална политика , за да и тие на некој начин придонесат во решавањето на овај проблем бидејќи проблемот е системски, изјави Ремзи Медик од Баирска светлина

Во Битола живеат околу 5 илјади Роми најмногу во населбата Баир.