Денот на сесловенските просветители

0
390

Во Македонија денеска ќе се одбележи 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

По тој повод делегации на Владата и на Собранието на Република Македонија ќе положат цвеќе пред споменикот на словенските просветители близу Камениот мост во Скопје.

Во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи свечен собир кој се организира заедно со Бугарската академија на науките. На собирот ќе бидат промовирани три заеднички изданија на двете академии, а ќе биде отворена и изложба „Графичка мапа на глаголицата“.

Најавено е обраќање на претседателите на МАНУ и БАН, академик Таки Фити и академик Стефан Воденичаров, а пригодни говори ќе одржат академик Блаже Ристовски за „Кирилометодиевата традиција во Македонија“ и академик Дамјан Дамјанов кој ќе говори за Кирилометодиевите традиции.