Денот на виното и љубовта одбележан со македонска поезија и музика

0
556

Со македонска музика и поезија во ресторанот Грне, беше одбележан празникот Св.Трифун, но и Св.Валентин.

За атмосферата во ресторанот се погрижи битолскиот актер Петар Горко, кој за оваа вечер избра поезија од македонски поети.

Според верувањата, Свети Трифун е чувар на лозјата, градините . На овој ден винарите за првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат, кројат лозите. Католичките верници , пак го одбележуваат Свети Валентин, празник кој се одбележува во речиси сите земји како денот на вљубените.

За денот на љубовта и денот на виното, како и битолската традиција повеќе од видеото во продолжение.