Деновиве во Битола почина Христо Ѓоргиевски-Спанаќот

0
2660

Од клиничката болница во Битола рекоа дека на 25 април починал Христо Ѓоргиевски-Спанаќот кој бил хоспитализиран на одделението за ортопедија.

За битолската и македонската јавност беше познат по неговите постојани кандидатури речиси за сите изборни циклуси. Пред некоку години му се запали куќата во која што живееше, а потоа беше згрижен во специјална медицинска установа.

Погребан е на Буковските гробишта во Битола.