Депресијата табу тема за битолчани

0
2138

Се предупредува дека во 2020 година депресиите би можеле да бидат втора најчеста болест. Веројатноста во одреден период од животот да се заболи од депресија. Притоа, жените се повеќе погодени од депресија отколку мажите, но исто така тие и побрзо бараат стручна помош.
Но според податоците на Светска здравствена организација, 322 милиони луѓе или 4,4 отсто од светската популација на глобално ниво имаат депресија. Додека пак во Македонија бројот на лица кои што страдат од депресија е зголемен за 40 % во последните години, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Меѓутоа треба да се разграничи помеѓу намаленото расположение кое што повремено го имаме од онаа форма на депресивност вели Д-р Гагачовска.

-Значи многу е битно да се знае дека депресивноста не вклучува само плачење, депресивноста не вклучува само тага тука имаме и пореметувања во квалитетот на живот, значи личноста не е во состојба да ги извршува работните обврски, страда од социјалниот живот, семејното функционирање, всушност целокупното функционирање на личноста трпи, изјави Д-р Билјана Гагачовска специјалист психијатар, психотерапевт.

Утврдено е дека депресијата е главна причина за 800.000 самоубиства на годишно ниво во светот и е втора водечка причина за смртност меѓу помладата популација.

– Јас работам и со деца од предшколска и школаска возраст, многу често и кај адолесцентите се забележува присуство на една депресивност, која што се појавува како резултат на темпото на живот кој што го живеат и тие и нивните родители, стресниот начин на живот е најчеста причина за појава на депресија, гледаме деца од 10 години кои што имаат депресивно расположение, тинијџерите многу често. А доста по специфична форма е и кај повозрасните лица над 65 годишна возраст, изјави Д-р Билјана Гагачовска специјалист психијатар, психотерапевт.

Во нашето општеството, одењето на психолог е табу тема., некои не веруваат дека тоа може да им помогне, а некои едноставно се плашат од тоа што другите ќе кажат.

– За жал и во Битола и во Македонија сеуште постои она чувство на страм што ќе речат другите. Би било добро кога луѓето би сватиле дека не е страмота да се побара помош, дека депресијата е растројство како и секое друго, изјави Д-р Билјана Гагачовска специјалист психијатар, психотерапевт.

Како превенција за депресивност Д-р Гагачовска советува да се наоѓаат техники со кои што би се справувале при соочување на стресот, добро е да се користат релаксирани техники, зголемена физичка активност, технки за позитивни мисли, и во иднина да се вложува повеќе во примената за менталното здравје преку работилници. Инаку Светската здравствена организација денеска го одбележува Светскиот ден на здравјето, кој што е посветен на депресијата и е со мотo “Депресија-ајде да разговараме “.