Десет години не се плаќало вода на скопските клиники

0
442

Во скопските клиники десет години не се плаќало вода, рече министерот за здравство Арбен Таравари во дебатата на Телевизија 24. Тој истакна дека откако седнал на министерското столче се соочил со многубројни проблеми.

„Сакаа да ја исклучат водата на скопските клиники, затоа што десет години не била платена. Имаме еден куп долгови. Буџетот на министерството за здравство е повеќе од половина потрошен. Се уште правиме анализи каде се потрошени парите. Не ми е јасно како може да има недостатоци на лекови, посебно на тие скапите лекови“, рече Таравари.