Десет мртви, а над 50 ранети во експлозии во метрото во Санкт Петербург

0
171

Повеќе од 10 лица загинаа, а над 50 се повредени, меѓу кои има и деца, во две истовремени експлозии што се случија во понеделникот, во метротото на рускиот град Санкт Петербург.

Портпаролот на Националниот комитет на Русија за борба против тероризмот, ја потврди смртта на недолжните лица, додавајќи дека експлозиите се случиле меѓу две станици  “Сени трг” и “Технолошкиот институт„.

Според руските медиуми, експлозивните уреди биле исполнети со шрапнели.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека за трагичниот настан е  информиран и рускиот претседател Владимир Путин.

Путин се сретна со шефовите на безбедносните служби и рече дека ги разгледуват сите опции, вклучувајќи го и тероризмот.