Десетина повредени по напад со секира во воз во Германија

0
1187

Маж нападна повеќе од 20 лица со секира во воз во Германија, јавуваат светските агенции.

Повеќе од десетина се повредени. Нападот се случил во преполн воз во Вирцбург, Централна Германија.

Железничката линија до градот е затворена, на место се наоѓаат полициски единици.

Според непотврдени информации осомничениот е убиен, а 21 лица се повредени, некои се во критична состојба.