Десетина повредени во судир на автобуси во Скопје

0
519

Во сообраќајната несреќа на два автобуса што се случи утрово кај ТЦ „Три бисери”, повредени се десетина лица.

Несреќата  се случила околу 8 часот на булеварот „Јане Сандански“ наспроти ТЦ „Три бисери“ кога се судриле приватен автобус и автобус на Јавното сообраќајно претпријатие(ЈСП).

Неофицијално, во сообраќајката повредени се десетина лица, кои со возила на итна медицинска помош се пренесени на некои од скопските клиники.