Десетици мртви во двоен бомбашки напад во Нигерија

0
143

Повеќе десетици лица загинаа во четврток навечер во џамија во Маидугури, на североистокот на Нигерија, кога двајца самоубијци активирале експлозивни направи, соопштија очевидци.

„Сите што биле во џамијата загинале. Никој не преживеа“, изјави Мухтари Ахмаду, трговец што се нашол во близина на местото на нападот.

„Пребројавме 42 тела надвор од џамијата“, објасни Амаду Марте, припадник на милицијата која им помага на безбедносните сили во борбата против исламистите од оружената група Боко Харам.

Полицијата потврди дека е извршен двоен бомбашки напад, но додаде дека во нападите загинале 14 луѓе.

По експлозијата џамијата се урнала и многу луѓе што биле внатре се повредени, пишува во полициското соопштение. /крај/хн/ст