Десетици убиени во експлозии во близина на храм во Сирија

0
312

Најмалку 71 лица загинаа во експлозии во близина на шиитско светилиште Sayyida Zeinab, јужно од сиријскиот главен град Дамаск, пренесува БиБиСи..

Автобуска станица и зграда на воен штаб беа погодени од експлозиите, кои буквално ги распарчија и изгореа возилата паркирани во близина.

Нападот се случи во исто време кога владата и опозициските групи се собраа во Женева во обид да почнат преговори за постигнување на политичко решение на конфликтот.

Нападот, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, имаше за цел попречување на разговорите, соопшти ЕУ.

Претставници на сириската влада и на опозицијата се во Женева, но разговорите допрва треба да почнат. Главната опозициска група вели дека владата мора прво да ги исполни клучните хуманитарни барања.

Американскиот државен секретар Џон Кери ги повика двете страни да ја искористат можноста за да се стави крај на крвопролевањето.

Кери изјави дека “нема воено решение” на вртоглавата криза, и предупреди дека таа може да го зафати целиот регион доколку не успеат преговорите.

Специјалниот претставник на ОН за Сирија има закажано одделни разговори со двете страни денес во Женева.