Десетти Академски час на Славјански во Битола

0
866

10 ти по ред Академски час на Славјанскиот Универзитет во Битола, 10та генерација бруцоши го продолжија мозаикот на успешна приказна на оваа високообразовна институција која нуди квалитетни, акредитирани студиски програми на дипломски и последиполомски студии, на петте факултетски единици.

dusan nikolovski

Проф.д-р Душан Николовски ректор, вели дека визијата на Славјански се остварува, почнале како Институт за да сега прераснат во Универзитет со два института и два истражувачки центри.

slavjanski

Факултет за психологија, Правен факултет, информатика, економски менаџмент и претприемништво и безбедносно инжињерство, се факултетите кои функционираат во двете филијали на Универзитетот во Свети Николе и Битола.

Николовски дополни дека не е правена анализа, но интересот кај студентите е рамномерен на сите факултети.

На ниво на Универзитетот, годинава на сите факултетски единици, ќе се запишат 600 студенти.

Без коментари

LEAVE A REPLY