Дестабилизирање на времето

0
502

Денес како и во текот на целиот викенд може да очекуваме доста променливо време со високи температури и сонце, но и временска нестабилност на одделни места. Ќе дува умерен југозападен ветер, кој во западните делови ќе се засилува.

Утре нашето подрачје ќе биде зафатено од влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјата. Локално процесите ќе бидат понтензивни.

Од понеделник времето ќе биде променливо, посвежо, а кон средината на неделата со локални врнежи од дожд, прогнозира УХМР.

Без коментари