Дете мигрант доби струен удар на Железничката во Гевгелија!

0
267

Се работи за 12-годишник, државјанин на Авганистан, а бил повреден од струен удар вчера околу 17 часот кога се качил на еден од товарните возови, на осмиот колосек од Железничката станица во Гевгелија.

Екипите на УНХЦР, Црвен крст и невладината организација „Легис“ биле на лице место, а момчето веднаш бил о транспортирано до општата болница каде му е пружена лекарска помош. Нема информации каква е неговата здравствена состојба денеска.

Според првичните информации од очевидците, младиот мигрант електричниот удар го добил поради каблите кои се наоѓале во близина на товарниот воз.

Од друга страна, МВР информира дека лицето било во придружба на своите родители и по нивна изјава истите не приметиле како дошло до струјниот удар.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY