Детонации во метрото во близина на седиштето на ЕУ во Брисел

0
391

Репортерите на Би-Би-Си пренесуваат дека пред неполн половина час се слушнале силни експлозии од метро станицата во реонот Мелбек, недалеку од зградата на ЕУ.

Сообраќајот во метрото е прекинат, а според првичните информации досега се регистрирани и неколкумина повредени. Белгиските медиуми објавија дека локалните власти знаеле дека во земјата се подготвуваат терористички напади.

Последниот инцидент се случува околу еден час по инцидентот на белгискиот аеродром во кој според досегашните информации животот го загубија најмалку 17 лица.

„Асошиејтед прес“, повикувајќи се на извори во Белгија пренесуваат дека безбедносниот аларм во Белгија е на највисок степен.