Деца раѓаат деца!?

0
1775

Првиот квартал во годината е период на подготовка на разни завршни сметки, калкулации, и бројни статистики за тоа како поминала претходната година. Во екот на објавата на ваквите податоци деновиве се соочивме со една статистика која посакуваме да не е вистините но за жал се чини дека е!
Имено, статистиката вели дека во Македонија „деца раѓаат деца и тоа сами“.
Така, Македонија има редовна годишна бројка од околу 1300 девојчиња на возраст помеѓу 15 и 19 години кои станале мајки, а притоа само по околу 200 момчиња на истата возраст станале татковци, што значи дека, освен деца-мајки, овие девојчиња се деца-самохрани мајки.
Нештата да бидат уште полоши, годишно и до 30 од овие нови мајки имаат само 15 години.
Ова е стабилна статистика за Македонија во последниве 6 години.
Според Државниот завод за статистика, во врвот е достигнат на скопската Клиника за Гинекологија и Акушерство во 2012 година кога 86 мајки на возраст од 15-19 години биле породени, а најмладата од нив имала само 13 години.
Во земјава 20% од сите раѓања отпаѓаат на малолетни мајки и по овој процент е на врвот во Европа заедно со Романија, Бугарија и Унгарија, додека европскиот просек е околу 6%, под кој процент се Словенија, Италија и Холандија со нешто над 1% малолетни мајки.
Општини во Македонија во кои е најзастапена ваквата појава на деца-мајки се Шуто Оризари, Куманово, Тетово, Чаир, Липково, Прилеп и Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY