Деца убиваат курдски заробеници

0
253

Терористичката група Исламска држава (ИСИС, Даеш) објави нова снимка од егзекуција на неколку курдски борци во сирискиот град Рака, а меѓу џелатите се наоѓа и момче од Велика Британија со „воено“ име Абу Абдула ал Британи, пренесува Дејли мејл.

Момчето името го презело од друг џихадист, Асад Узаман од Портсмут, кој беше познат како Ал Британи, а кој загина во Сирија минатата година.

Автентичноста на снимката на која се прикажани петте момчиња облечени како војници не е потврдена.

Момчињата, според пропагандата на ИСИС, ги егзекутирале курдските борци како одмазда за поразите во Сирија и Ирак.

Британските медиуми наведуваат дека останатите момчиња се од египетска, курдска, туниска и узбекистанска националност.

www.mkd.mk