Децата ги фрлале на тротоарот за да ги спасат

0
1371

Камионот кој усмрти повеќе од 84 лица во Ница, се движел низ толпата дури 2 километри, газејќи се пред себе, пред полицијата да успее да го убие напаѓачот.

Очевидците кои го сведочеле и преживеале нападот, велат дека родителите ги фрлале децата на тротоарот за да ги спасат и да не бидат прегазени од џихадистот.

-Одеднаш видовме стампедо на луѓе кои трчаат низ улицата. Стотици, стотици луѓе, фамилии…Одеднаш стампедо почна да наодоаѓа од друга насока. Никогаш немам видено таков хаос во мојот живот. Видов и луѓе кои буквално ги фрлаа своите деца преку оградите на тротоарот, изјавил Исмаили Калиди, писател кој во Ница бил да ја посети својата сестра.