Детска Критична Маса, Битола на Точак

0
721

БитолаНаТочак организира ДЕТСКА КРИТИЧНА МАСА со цел да ги возиме децата на точаци и да ги учиме од мали да возат.

„ Поводот е значењето на слободната улична детска игра која е особено загрозена од современото општество. Веруваме дека со се поголемото зголемување на возниот парк со коли и како резултат на тоа претворање на јавните површини во паркинзи за коли со што се ускратува основното право на имање на доволно слободен простор за детска игра.

Со оваа иницијатива преземаме одговорност да продолжиме да ги учиме децата на вистински вредности на социјализација, чиста околина, здрав живот, па и големи предизвици за пат околу светот!

Точакот не е обично превозно средство туку и социјализирачко, здраво, незагадувачко, расонувачко за на училиште и сонувачко за животот :)
Затоа треба да се грижиме за точакот како најверен другар кој каде и да посакаме тој веднаш ќе не однесе!

Според истражувањата, возењето точак е индивидуална работа и зависи од способностите на детето, но повеќето деца се спремни да возат точак на 5 години, односно 3-4 години е период на развој на позначајните моторни вештини и во овој период децата можат да ги вртат педалите и да возат точак со помошни тркала, додека веќе откако ќе наполнат 5 години тие веќе имаат развиено чувство за баланс и координација и во зависност од времето кое им се посветува можат лесно да научат да возат точак без помошни тркала“ велат организаторите.

13315377_10208540878711462_7549652827002539457_n

13310600_10208540881071521_8605634693933300760_n

13327610_10208540866591159_443398355852987553_n

13325493_10208540847590684_4794400986001282193_n