Детски семафор за најмладите

0
1062

Ученици од 10 основни училишта од Битола, Демир Хисар , Могила и Новаци денеска ги одмерија силите во сообраќајно техничка култура на регионалниот натпревар „Детски семафор“. Натпреварот се спроведува со цел сообраќајно образование и воспитување на децата и младите како и поради подигнување на степенот на на сообраќајна култура кај учениците .

-Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и Техничкиот факултет-Битола денеска го одржаа „Детски семафор“ .Регионалниот натпревар логистички е помогнат од студентите на отсекот за Сообраќај и транспорт, како и средношколци од СОУ „Таќи Даскалот“-Битола. Натпреварот е исклучително квалитетен и конкурентен, а нашата главна цел е да ја поттикнеме сообраќајната култура кај младите учесници во сообраќајот. Резултатите од истражувањата во развиените општества покажуваат дека најдобрите резултат се покажува ако се учи од мала возраст, изјави проф.Верица Данчевска, претседател на Општински совет за безбедност во сообраќајот. .

Таа информира дека учениците се натпреваруваа во два дела, односно теоретски – познавања на сообраќајот и сообраќајната култура и практичен дел, односно вешто возење.

– Најдобрите ученици за прво , второ, и трето место добија медали, а најдобрите училишта во групно натпреварување добија пехари. Ги отценуваше 6 члена комисија од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, додаде Дамчевска

Најдобрите учесници, победниците од денешниот „Детски семафор“ ќе учествуваат на државниот натпревар кој ќе се одржи на 21 мај во Скопје.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY