Детски цртежи инспирирани од фолклорот

0
486

НУ. Центар за култура-Битола ја претстави 41-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Секој детски чекор низ мозаикот на бесценетите вредности на народната култура, обезбедува отварање на нови патеки, нови хоризонти во кои расцутува детската фантазија и се создаваат дела кои се бисерни капки во реката на континуитетот на традицијата.

Панде Петровски, претседател на стручната жири комисија, која воедно одлучуваше и за наградите на најдобрите учесници, информираше дека на годинешниот конкурс учествуваа 2.000 творби од ученици во целата држава, а на изложбата се презентирани 506 творби.

41 та државна изложва на детски ликовни творби го донесе новиот здив на детското творештво и ги потврди вредностите на вечната инспирација.

Со одлука на жирито специјална награда годинава им е доделена на општинските основни училишта „ГоцеДелчев“ од Неготино и „Наим Фрашери“ од Тетово.

Во рамките на изложбата беше промовиран и каталогот во кој се и учеснициге на првата детска ликовна работилница на тема народната култура трајна иснпирација во моето творештво која се одржа на 28 ми и 29 ти јули минатата година.