Деветмина осомничени за упадот во Собрание денеска во суд…

0
313

Во Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска треба да се одржи рочиште за деветмина учесници во насилниот упад во Собранието на 27 април. Претходното, минатиот четврток, беше одложено бидејќи еден од осомничените не беше присутен во судницата.

Учесниците се товарат за кривично дело „учество во толпа“. Од нив двајца се во притвор, а двајца во домашен притвор.

Во својство на сведоци се повикани повеќе лица меѓу кои и припадници на обезбедувањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, членови на внатрешното обезбедување на Собранието на РМ и обезбедувањето на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

МВР соопшти дека работи на пронаоѓање на сите осомничени лица и на целосно расчистување на настаните. Досега триесетина насилници добија кривични пријави, повеќето за учество толпа што ќе изврши кривично дело или учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на должноста. Двајца од напаѓачите на пратеникот Зијадин Села добија кривични пријави за обид за убиство.