Девизните резерви на Македонија сè помали

0
488

Продолжуваат да паѓаат девизните резерви на Македонија. Според податоците од Народната банка, за еден месец девизните резерви се намалиле за 56,5 милиони евра.

Во јули вредноста на девизните резерви изнесувала 2 милијарди и 198 милиони евра.

Инаку, девизните резерви бележат пад уште од почетокот на годината.

Во првиот квартал од 2015 година, нивната вредност изнесуваше 2 милијарди 254 милиони евра, што значеше намалување за 100 милиони евра во однос на првиот квартал од минатата година.

Без коментари

LEAVE A REPLY