Девојче мигрант со цвеќе во рака моли полицаец да ја отвори границата

0
245

Над илјада бегалци кои пробаа да минат низ Турција се разочараа кога наидоа на полицискиот кордон кој го блокира граничниот премин на државата.

Полицијата ги спречи бегалците преку Турција да одат во Грција, па во еден моменет едно мало девојче решило со убав гест да ги замоли да им ја отворат границата. Девојчето зеде во раката цвеќе и му го подари на еден од турските полицајци.

Фотографијата од малото девојче многу брзо го обиколи светот и е една од најсподелуваните фотографии на Твитер.