Девојка од Куманово ѝ се приклучила на Исламска држава

0
337

Една 18-годишна девојка од Куманово ѝ се приклучила на групата Исламска држава и отишла во Ирак.

Девојката, чии иницијали се З.К., отпатувала во Ирак, каде што најверојатно се омажила.

Таа избегала од дома пред неколку месеци, а татко ѝ Африм Кадриу рече дека е спремен да стори сè што е можно за да ја врати ќерка си дома. Девојката-бегалка во разговор со семејството рекла дека е во Ирак и дека се чувствува безбедно.

Таа била во контакт со другарки од Косово, за кои се претпоставува дека биле регрутирани во исто време, рекоа членовите на семејството.

Без коментари

LEAVE A REPLY