Џафери повика обезбедување

0
1123

Откако собранискиот спикер Талат Џафери не му даде збор на партеникот Антонијо Милошоски кој бараше процедурално, сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на говорницата и ја блокираа, поради што беше повикано обезбедувањето.

И по неколкуте повици од страна на спикерот да ја напуштат говорницата, пратениците не заминаа, по што Џафери даде пауза од десет минути.

Пратениците денеска требаше да расправаат за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, откако пропаднаа претходните неколку обиди за тоа.

Без коментари