Џафери: Повикав обезбедување, Димовски ми ја зеде картицата

0
902

Во вчерашното продолжение на расправата во Собранието за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски на барање на претседателот на законодавниот дом Талат Џафери во пленарната сала беше распоредено собраниското обезбедување.

Образложението на спикерот за присуството на обезбедувањето е негова реакција на тоа што, како што рече, се случила ситуација во која пратеникот Илија Димовски му ја тргнал картицата.

– Од таа причина е преземена мерка во моја надлежност за да може да се работи понатаму – рече Џафери.

На распоредувањето на обезбедувањето зад говорницата реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, барајќи тоа да биде повлечено. Во меѓувреме Џафери ја повикуваше пратеничката Павлинче Честојнова која беше на ред за реплика да земе збор. Нејзините сопартијци реакоа дека тоа не може да се случи во присуство на обезбедување. Потоа обезбедувањето беше повлечено, а пратениците се вратија на место.

Следеше излагањето на Честојнова, по што расправата продолжи со процедурални реакции на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Собранието околу тоа кој го крши собранискиот Деловник.

Homepage