Џеб Буш формално ја истакна кампањата за предизборите

0
204

Џеб Буш, син и помлад брат на двајца поранешни американски претседателот, во понеделникот и формално ја истакна својата кандидатура за здобивање на номинацијата на Републиканската партија како кандидат за претседателските избори во 2016 година и го истакна своето искуство како гувернер во минатата деценија, за да го ублажи впечатокот на наследник на династијата Буш.

Шеесет идвегодишниот Џон Елис Буш, кој во јавноста е познат по трите иницијала под кои е познат во јавноста како „Џеб“, е син и брат на двајца поранешни американски претседатела, односно Џорџ Х.В. Буш – постариот (41-от претседател на САД, од 1989 до 1993 година) и Џорџ В.Буш – помладиот (43-от претседател на САД во двата мандата од 2001 до 2009 година).

„Јас сум кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави“, извика Џеб Буш пред своите симпатизери на собирот на универзитетот Мајами-Дејд во Мајами, во сојузната држава Флорида, малку повеќе од половина година по неговото прво јавно искажување интерес за позицијата во Белата куќа.

Станува збор за образовна институција со мултикултурална студентска популација, која е избрана за да ја нагласи желбата на Џеб да ја прошири привлечноста на Републиканската партија, којашто главно до минатите избори беше ориентирана на белото гласачко тело.

„Ништо и никого нема да земам здраво за готово. Кампањата ќе ја водам со срцето и тоа за да победам“, рече во говорот, за кој американските медиуми истакнуваат дека однапред им бил доставен.

Објавата на неговата кампања се очекува во јавноста веќе половина година, откако практично влезе во изборната трка потврдувајќи го интересот дека по таткото и братот и самиот да стане американски претседател и започна да собира милионски суми од бројните влијателни семејни пријатели и други спонзори.

„Од Флорида направивме прва држава според бројот на работните места“, е еден од акцентите од говорот на Џеб Буш, што како факт додека беше гувернер на оваа држава во периодот од 1999 до 2007 година и со тоа што добро ја запозна извршната власт во САД, ќе му бидат главни адути во предизборната кампања.

Притоа Џеб Буш нема намера да се задржува на мандатите од своите претходници од семејството. Иако често потврдува дека безусловно им се восхитува на својот брат и нивниот татко, упорен е на тоа дека „Џеб е поинаков од Џорџ“, како што рече во неделата за CNN. Уште повеќе што веќе еднаш поради семејната поврзаност се сопна, околу прашањето за инвазијата врз Ирак., Имено, откако претходно ја бранеше одлуката на својот постар брат, неодамна призна дека доколку тој би бил тогаш претседател не би наредил инвазија.

„Не морам да се дистанцирам од семејството, ги сакам, но знам дека ќе морам да ја раскажам својата приказна, доколку сакам да бидам успешен“, рече пред предизборниот настап. Двајцата поранешни претседатели од семејството, како што беше најавено, не присуствуваат на собирот во Мајами.

Демократите настојуваат да ги изедначат двајцата браќа. „Тој е и натаму истиот републиканец без допир со стварноста и ќе ја продолжи политиката на својот брат“, напиша Џесика Меклер, претседателска на демократскиот центар Америка Бриџ.

Во говорот во Мајами, а потоа и на првите станици од кампањата во Њу Хемпир, Ајова и Јужна Каролина, Џеб Буш ќе го потенцира својот приоритет растот на американската економија и отворање на 19 милиони работни места. Ќе ја нагласува и потребата „Америка посилно да се позиционира во светот…. Нашите непријатели веќе не се плашат од нас, а напите пријатели повеќе не ни веруваат“, е дел од нацртот обраќањето во првата етапа од кампањата.

Се предвидува дека патот на Џеб Буш до републиканската номинација ќе биде нерамен. Во трката се веќе десет републиканци, а ќе ги има уше повеќе, меѓу нив и неколку „тешкаши“, како сенаторот Марко Рубио и гувернерот на државата Висконсин, Скот Волкер.

Буш поведе во анкетите меѓу републиканските избирачи, кога првпат ја најави таа можност, но таа предност во меѓувреме се истопи. Сега четворица републикански кандидати според анкетите се дословно во тесна трка.

Неговите советници велат дека Џеб е подготвен на долга и тешка борба. Во првите три сојузни држави во коишто се одржуваат партиските предизбори – Ајова, Јужна Каролина и Њи Хемпшир, неговата победата е далеку од тоа да е обезбедена. Ќе мора да ги придобие оние републиканци кои се сомничави кон идејата и трет претседател да се презива Буш.

Во рамките на Демократската партија, пак, кандидати засега ги има четворица, меѓутоа како најголем фаворит се истакнува поранешната прва дама и државен секретар Хилари Клинтон, која воопшто и се смета за најсериозна наследничка на актуелниот претседател Барак Обама во Белата куќа.