Џихадисти масакрирале 56 сириски војници во воздухопловна база

0
445

Исламистичките борци од Ал Нусра фронт, поврзан со Ал каеда, егзекутирале најмалку 56 сириски владини војници од воздухопловната база Абу ал-Духур во северозападниот дел на земјата, која беше заземена месецов, велат активистите за човекови права.

Масовното погубување се одржало на воениот аеродром во провинцијата Идлиб „пред неколку дена“, потврди Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР), откако џихадистите објавија фотографии од бруталниот масакр на интернет.

„Вчера во вечерните часови потврдивме дека се случил масакрот, преку луѓе што биле сведоци на тоа, како и преку неколку фотографии што ги добивме“, изјави директорот на СОХР, Рами Абдулрахман, за Ројтерс.