Џихадистите масакрирале 200 сириски деца

0
1244

Џихадистите од Исламската држава, маскирани, масакрираат двесте сириски деца.

Децата биле присилени да легнат едно до друго, со лицето во прашина, а над нив стоеле стрелците, објави британски Daily Mail. Инаку се верува дека ова видео е снимено во август 2014 година и дека жртвите се затвореници, заробени од џихадистите во Сирија.

Познавачите на приликите тврдат дека масакрот е извршен на територија контролирана од ИСИС или во близина на еден од поголемите градови под контрола на Исламската држава.