Џихадистите на ИСИС се спремни за нови самоубиствени напади во Европа

0
518

Интерпол состави список од 173 милитанти на ИСИС кои се најверојатно обучени за бомбашки напади низ Европа, пренесува Гардијан.

Врвот на најголемата светска полициска организација ја составил листата на 27 мај со помош на информации најдени во скривници на Исламска држава.

Листата ги содржи имињата на осомничените џихадисти, датумите кога биле регрутирани, последните познати адреси, џамиите во кои се молеле и имињата на нивните мајки со најдените фотографии.

Во документот на Интерпол осомничените се опишани како „група екстремисти обучени за составување и подметнување импровизирани експлозивни уреди со цел предизвикување смрт и сериозни повреди“.

„Се верува дека имаат можност за меѓународни патувања и учество во терористички активности“, се истакнува во извештајот.

Информациите ги собрале американските разузнавачки служби кои ги предале на ФБИ, а американската агенција му ги проследила на Интерпол, кој потоа ги предупредил европските партнери на можните напади.

Без коментари