Џихадистите планираат напади на плажи низ Европа

0
585

Радикалната сунитска организација Исламска држава планира напади на плажи во Европа, пишува германскиот магазин Bild, според чии извори германските безбедносни служби оваа информација ја добиле од Африка преку италијанските колеги.

Според податоците со кои располагала агенцијата за внатрешна безбедност на Италија, пишува Bild, терористите се подготвуваат нивните извршители да бидат маскирани како продавачи на сувенири и напивки. Всушност, тие ќе бидат вооружени со експлозиви и треба да се разнесуваат на плажите во Италија, Шпанија и југот на Франција.

„Радикалите коишто за кои се наведени во документот, се по потекло од Сенегал и се декларирале себеси како терористи на радикалното движење Боко Харам од Нигерија, коешто пред една година им изрази лојалност на водачите на џихадистите од Исламската држава“, пишува германскиот весник.

Исламската држава (IS) во моментов е една од најголемите глобални терористички закани. Оваа радикална сунитска организација во последните три години освои големи територии во Ирак и во Сирија, а на нејзина страна се борат и многу радикализирани муслимани од европските земји.

Исламската држава веќе ја презема одговорноста за двата големи напада во Европа, од ланскиот 13-ти ноември во Париз кога беа убиени 130 луѓе, и за последниот од 22-ри март кога во Брисел во самоубиствени бомбашки напади загинаа 32 лица. Сепак, безбедносните служби на европските земји предупредуваат дека радикализираните повратници од блискоисточните боишта подготвуваат нови напади на континентот./крај/мф/сн