Џикиќ барал пари однапред и затоа заработил отказ

0
311

Спортскиот директор на кошаркарската федерација, Заре Марковски, објасни дека барањето на Александар Џикиќ да ги добие парите пред стартот на подготовките на нашите најдобри кошаркари за ЕП, кумувало на прекинот на соработката и именувањето на Марјан Србиновски за нов селектор. „Многупати до сега сигнализиравме дека репрезентацијата не е приватна, туку дека е на Македонија. Проблемите дојдоа поради економскиот дел и начинот на исплата. Џикиќ на 7 овој месец кажа доколку не му бидат исплатени дел од парите, нема да почне со тренинзи. Тука видовме дека не можеме да му веруваме. Иако јас последен верував дека ќе се среди се, во неделата кренав раце“ речe Заре Марковски, спортскиот директор на МКФ. Ќе потсетиме дека Македонија веќе во септември ја чека нов настап на големо меѓународно натпреварување.