Џими Фалон докажа дали Трамп носи перика

0
421

Доналд Трамп има 70 години и многу густа коса. Многупати до сега луѓето погодуваa дали тоа е негова коса или всушност носи перика. Но, она што е чудно е што фризурата секогаш му е иста и чудно е како е можно еден старец да има толку многу коса!

Џими Фалон одлучи на сите да ни ја разреши дилемата, со тоа што кога го викна претседателскиот кандидат да гостува во неговата емисија, го замоли да му ја растури совршената фризура.

Трамп се согласи, а со тоа и им покажа на многумина дека всушност се работи за неговата добро „натапирана“ коса.