Џиновска дупка проголта возила во австралиски камп

0
2485

Во близина на Квинсленд, Австралија група излетници во камп на плажата Рејнбоу доживеаја вистински шок кога нивните автомобили, шатори и камп приколки потонаа во џиновска дупка, пишува Daily Mail.

упка длабока три метри се појавила покрај брегот и со огромна брзина се движела така што туристите одвај успеале да се спасат. Со оглед на тоа што дупката веднаш се наполнила со вода во неа потонале неколку автомобили, шатори и камп приколка.

Туристите биле евакуирани и за среќа никој не е повреден.