Џо Бајден во Турција

0
234

Потпретседателот на САД, Џо Бајден пристигна денеска во посета на Турција малку повеќе од еден месец по пропаднатиот обид за државен удар, во позадина на создадените тензии меѓу двете земји, пишува Хуриет.

Анкара го обвини за пучот проповедникот Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД и побара од властите таму негова екстрадиција. За возврат од Вашингтон објаснија дека не може да се предаде Ѓулен без цврсти докази за неговата вина.

Вчера во турската престолнина пристигна и делегација од тројца вработени на Министерството за правда на САД и еден претставник на Стејт департментот. Тие ќе останат до 24 август, за да разговараат за барањето за екстрадиција.

Владата на Обама се обидува да ги зајакне односите со Турција, клучен сојузник во НАТО, кои не биле толку затегнати од војната во Ирак во 2003 година, наведува агенцијата Блумберг.