Џон Кери во историска посета на Хирошима

0
284

Американскиот државен секретар Џон Кери беше во историска посета на споменикот Хирошима во Јапонија, потсетник на првата светска атомска бомба.

Тој е првиот државен секретар на САД кој го посетил Хирошима, каде загинаа околу 140.000 луѓе  кога САД фрлија атомска бомба во 1945 година.

Кери беше придружуван од министрите за надворешни работи од Г-7 групата на држави кои водат разговори во градот.