Џон Сил големиот маг на филмската камера

0
340

Џон Сил, кој е годинашен добитник на наградата златна „Камера 300“ за животно дело снимал насекаде во светот, со многу режисери и актери, а со добивањето на наградата во Битола, се вброи во Клубот на великаните на филмската камера на фестивалот „Браќа Манаки“.

Слободата на кинематограферите е најважниот сегмент во секој филм, вели светски познатиот кинематографер и ѕвезда-гостин на годинашниот фестивал.

За филмот „Англиски пациент“ во 1996 година го доби првиот и единствен Оскар, а со тоа оваа година се одбележуваат и 20 години од добивањето на оскарот, за кој Сил истакнува дека е една благодарност до целата екипа која работела на филмот и направиле кадрите од филмот да изгледаат така прекрасни .

Кинематограферот Џон Сил, потписник и на најновиот апсолутен светски хит „Лудиот Макс – пат на бесот“, лансиран беше по светската премиера на минатогодишниот Кан и според Светската федерација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ прогласен за најдобар филм во 2015 година.

Тој ги има снимено филмовите, како „Талентираниот господин Рипли“ (1998) и „Студена Планина“ (2002), потоа незаборавните „Друштвото на мртвите поети“ (1988) и „Сведок“ (1985).