Диазепам за љубовни проблеми

0
1541

Диазепам пред тест или поради дечкото , истражувањето коие што е спороведено од институтот за јавно здравје покажува дека младите ги решаваат своите проблеми со употребата на седативи , дали е загрижувачка употребата и што треба да се превземи.

marija-vrckovska

Ех, денешната младина… не е како во „наше време“. Сигурно сите сме ја слушнале оваа фраза безброј пати. Иронично е тоа што не ја кажуваат само постарите, туку и многу голем дел од самата младина. Како што оди времето и младите генерации се менуваат , а во оваа динамика на живот секој си бара мир и живот без стрес. Да се овозможи тоа не е лесно, но и да се земаат диазепами на своја рака притоа без да се знае како делуваат врз организмот освен што смируваат и тоа пак не е решение, пред извесен период Институтот за ЈЗ објави истражување кое укажува дека секој десетти тинејџер во Македонија пие седативи на своја рака а повеќе лекови за смирување користат девојчињата, побаравме мислење од Доктор по социјална медицина.

-Не смее на своја рака да земаат диазепами, па било каков проблем и да е, ако доктор не ни го дал, докторот може да речи има хормонален дисбаланс има нарушувања метаболни или централни нарушувања сепак и за тоа треба лекар стручен да кажи кој е за тоа одговорен, да лекоите треба да помогнат во секој случај , но поради обичен стрес , тоа што дечкото ја напуштил  или поради единица на тест , стварно треба да се бара цруга солуција , изјави Д-р по социјална медицина Марија Врчковска

Иако диазепамите се препишуваат на рецепта по давање на матичен лекар, тоа за децата не е проблем бидејќи од нивните стари баби се искрадуваат и ги земаат по сопствена воља со цел да се смират доколку дечкото му раскинал , или пак пред тест со цел дека диазепамот ќе ги опушти и смири.

– Кога во организмот се јавува состојба на стрес, кога децата имаат некои проблеми обично стрес, треба да знаат дека најчесто тоа се јавува како резултат на зголемено лачење на хормони на бубрежната жлезда, тие хормони во природна состојба се лачат кога организамот треба да се одбрани, стресот треба да биди краток, тоа е одбрана,но континуираниот стрес е најчеста причина која доведува до болест, и стресот лачи хормони кои делуваат централно и тие го намалуваат дејството на тие неуротрансмитери и точно заради тоа не можи да дојди до смирување на ученикот, вели имам тахикардија, немам концентрација, во таа ситуација тој бара спас изјави, Д-р по социјална медицина Марија Врчковска

Во последно време се изнаслушавме најразлични статистички податоци, а дали се позитивни или негативни зависи од која гледна точка се анализираат. Она што е најважно за долг живот е здравјето на човекот, ако здравјето е избор тогаш изберете здрави навики .

Без коментари

LEAVE A REPLY