Диџеј од Јапонија настапи во Хауз бар

0
292

 

Покрај многубројните забави, настапи на странски и диџеи од домашната сцена, промоции на книги, изложби, во Хауз бар гостуваше диџејот од Јапонија-Акинари Такахата.

Иако за прв пат во Македонија, настапувал во соседните држави и тоа во Грција, а во моментов живее и работи во Берлин, за која сцена вели дека е совршена за забави.

Со мелодични техно сетови најчесто настапувал на андерграунд сцената во Осака.

Неговите сетови биле емитувани на етаблирани радио станици како Ibiza Global Radio.