Диџејот Дејан Мицкоски гостуваше во Битола

0
185

На Белата ноќ во Битола, гостин беше и диџејот Дејан Мицкоски .

Тој неодамна се претстави во нашиот град во ноќниот клуб Позитив заедно со неговиот пријател и колега Френсис.

За белата ноќ, вели дека поддржува вакви манифестации каде гостуваат повеќе странски но и наши диџеи а на нашите посебно им порача да прават повеќе авторски траки затоа што оригиналноста се цени повеќе насекаде низ светот.

Мицкоски настапува на повеќе музички сцени ширум светот од Њујорк, Ибица,Италија, Франција и други.

Неодамна ја имаше соработката со македонската пејачка Тамара Тодевска а во моментов работи на нова трака.