Диего Годин еден месец надвор од терените заради повреда

0
307

Фудбалската репрезентација на Уругвај квалификациските мечеви за пласман на СП, против Бразил и Перу, ќе ги одигра без својот капитен Диего Годин. Искусниот дефанзивец, на мечот во Лигата на шампионите во кој Атлетико на пенали го совлада ПСВ Ајндховен, го повредил десноот бутен мускул.

Мечевите против Бразил и Перу ќе минат во знакот на Луис Суарез, кој поради инцедентот со Џорџо Кјелини на Мундијалот во Бразил, поради суспензија од страна на ФИФА речиси 18 месеци не настапуваше за националниот тим.

Уругвај ќе му гостува на Бразил на 25 март.