Диего Коста и Алексис Санчез се целите на Атлетико Мадрид

0
502

Атлетико Мадрид е подготвен да земе две од суперѕвездати на Премиер лигата во летниот преоден рок. Алексис Санчез од Арсенал е главна цел на тренерот на Атлетико – Диего Симеонe, кој сака да го привлече во редовите на тимот и Диего Коста од Челзи, тврди „Дон Балон”.

Се тврди дека менаџерот на „топџиите” Арсен Венгер има обид да го задржи чилеанскиот фудбалер, кого привлече пред 2 години. Играчот не се чувствувал добро во тимот, бидејќи сакал да се закити со трофеј, а во Лондон не видел таква перспектива.

Диего Коста исто така не се чувствувал добро на „Стемфорд бриџ” и бил подготвен да си го спакува куферот во секое време.