Дихово меѓу 50-те најдобри тајни локации во Европа

0
3709

Вила Дихово е мала селска куќа, сместена на ридовите на 8км од центарот на Битола. Има своја ски-школа, сите соби се со бесплатен безжичен интернет и бесплатен паркинг. Собите во Вила Дихово се декорирани со локални резби и дрвенарија за да изразат чувство како дома. Гостите можат да уживаат во пространата градина која што го опкружува имотот или да ги откријат локалните ресторани и кафетерии во Дихово. Повеќето од планинарските патеки кон планинарскиот врв Пелистер почнуваат во Дихово.

Screenshot from 2016-08-29 11:28:45

Македонското село Дихово, под падините на Баба планина, се најде меѓу 50-те најдобри тајни локации во Европа, според реномираниот туристички водич Lonely Planet. Порталот “Lonely Planet” ги задолжи своите експерти да понудат по пет локации, кои што луѓето ќе ги инспирираат за нивното следно патување. Нивната задача беше да одберат места кои што се речиси занемарени во светските водичи, меѓутоа истите се дестинации кои нудат незаборавно искуство.

Screenshot from 2016-08-29 11:29:09

Водени од мислата дека се прекрасни, а не доволно популарни, “Lonely Planet” ги повика своите читатели да ги посетат овие места и да уживаат во нивните магии.

Така, на листата на тајни локации во Европа се најдоа Лошињ и Музејот на улична уметност во Загреб во Хрватска, српската престолнина Белград, Морињ во Црна Гора и селото Дихово во нашата прекрасна Македонија.

Откријте ги нашите 50 тајни локации и вашето следно патување на Стариот континент ќе биде незаборавно”, ви порачуваат од “Lonely Planet”.