Дијаспората и Македонија

0
1870

Стефан Ѓоргиевски е еден од многуте иселеници кој пред неколку децении го напушти родното Поешево и замина во Австралија. Се уште не е пензионер, но вели дека по пензионирањето размислува да се врати во родната земја.

Тој е еден од оние кои што смета дека со 600 гласачи не треба да се врши избор на пратеници од дијаспората во Собранието на Македонија.

Го дели мислењето и со оние кои велат дека нашите иселеници поретко одлучуваат својот капитал да го инвестираат во Македонија, заради како што вели нестабилноста на земјава.

Тој има два печатени медиуми во Австралија, а со него зборувавме и за црквата и верниците на тој континент.