Дијселблом: Грција мора да донесе тешки одлуки

0
179

Грција мора да донесе тешки одлуки коишто од неа ги бараат меѓународните доверители, бидејќи нема други опции доколку сака да осигури заеми и да го избегне банкротот, изјави челникот на Еврогрупата, Јероен Дијлселбол за фински весник.

„Доколку владата на Грција не може да го прифати фактот дека нема едноставни решениеја и дека мора да бидат донесени тешки одлуки, тогаш е сама. Не можеме да ѝ помогнеме на Грција, доколку Грција не сака самата да си помогне“, порача Дијселблом за весникот Helsingin Sanomat.

Како претседател на министрите за финансии на земјите од еврозоната, тој ги претставува интересите на земјите коишто го користат ерото. Дијселблом, истовремено е и министер за финансии на Холандија.

Во интервјуто, исто така, вели дека договор меѓу Атина и нејзините доверители (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), се уште може да биде постигнат на време, како и дека доверителите уште се отворени за преговори доколку грчки предлози „бидат разумни“.

Претставници на грчката влада и трите институции, со недели преговараат на техничко ниво за реформите што Грција треба да ги преземе за да се деблокира последната рата од сегашната програма на финансиска помош од 7,2 милијарди евра. Без тоа Грција тешко може да го избегне банкротот бидејќи веќе до крајот на овој месец мора да му врати на ММФ 1,6 милијарди евра