ДИК апелира да се сочека извештајот за да се види колку гласачи се спорни

0
387

Советничката во ДИК, Љупка Гугучевска денеска во изјава за медиумите, ниту демантираше ниту ја потврди информацијата дека речиси 500.000 гласачи излегле како спорни од вкрстената проверка на Државната изборна комисија. Таа бројките во медиумите ги квалификуваше како шпекулации и побара да се сочека официјалниот извештај на ДИК.

Членовите на Државната изборна комисија на вчерашната седница не го усвоија извештајот и најави дополнителни тестови за проверка по што ќе следи јавна седница.

Дополнителните тестови се очекува да завршат во најскор можен период, а како што рече Гугучевска тоа е можно да се направи и во текот на утрешниот ден.